Ако сакате промени во својот живот, да се развивате и да креирате слободна и автентична релација со себе и другите, приклучете се на овој курс каде преку алатките и симболите кои се користат во техниката на психологот Филис Кристал ќе научите како може да се ослободите од вашите негативни емотивни и ментални блокади.
Сегашните мисли, емоции и однесувања се поврзани со Вашето најрано несвесно учење. Сите сегашни проблеми се појавуваат поради негативните и несвесни реакции кои се, пред сè, условени од несвесните аспекти од/на Вашата личност. Оттука произлегува дека умот, емоциите и телото се нераскинливо поврзани во еден сложен и жив систем на внатрешна енергија којашто се одржува и подобрува преку свесна работа на себе.
Креаторка на овој метод е психологот Филис Кристал, а курсот во живо го води м-р Билјана Пешева, долгогодишна практикантка и водителка на техниката, јога инструкторка во Healthy Yoga, тренерка за возрасни и велнес коуч за Healthy Life Skils.
Филис Кристал (1914-2016) е психотерапевтка од школата на Јунг и Ериксон, авторка на голем број книги и креаторка на психолошките техники за ослободување на/од лажниот идентитет и негативните програмирања што ги градиме во текот на нашиот живот.