Практикување на здрави иновативни методи за личен и професионален развој

М-р Билјана Пешева

Позитивниот и здрав животен поглед кон светот, луѓето и кон себе, не е само романтичен поглед со наивно верување во добрите намери на луѓето и околината, туку проактивна комуникација насочена кон позитивните аспекти на личноста на индивидуите и настаните, со кои сте во секојдневен контакт. Вештината на пронаоѓање во себе такви зони како и пронаоѓање на исти такви зони кај луѓето и настаните околу вас е предзвик кој може да го постигнете со учество во програмите и активностите кои ви ги нудам преку оваа платформа. Моделот кој го користам во моите програми и курсеви вклучува развивање на личноста на личен, социјален, емоционален, духовен, еколошки, професионален, интелектуален и физички аспект. Користам активности и методи со кои работам на подобрувањето на личната и професионална благосостојба и употребувам современи и древни техники наменети за подобрување на севкупното психо-физичко здравје и благосостојба.

Запознај го својот иструктор

Искуства од учесници

Сакаш да добиваш известувања ?

Остави го твојот емаил за да добиваш информации